Али Ахмети ги свика потпретседателите на ДУИ

од Vladimir Zorba

Попладнево во седиштето на ДУИ во Мала Речица, се одржува состанок на највисоките партиски органи. Во партиското седиште е присутен претседателот на ДУИ, Али Ахмети, а некаде по 13 часот во седиштето влегоа четворицата потпретседатели на партијата, Садула Дураку, Теута Арифи, Изет Меџити и Невзат Бејта.

Според наши извори, но и според партискиот состав кој е присутен во седиштето на ДУИ, се работи за состанок на потпретседателството на ДУИ. Портпаролот на партијата, Бујар Османи, вели дека не се работи за никакви поголеми формални состаноци, туку за редовни партиски средби.

– Не се работи за потпрестедателство или претседателство. Ние сме во постојани контакти и средби, денеска ништо не е формално, може да има централно претседателство на партијата и денеска, но ако се одржува, ќе ве информираме – изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

И потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи, накусо пред да влезе во партиското седиште, изјави дека се работи за редовни партиски состаноци./Meта

Слични содржини