Алијанса и Беса остануваат на ветеното – Платформата услов за заедничко владеење

од desk2

Коалицијата Преродба со Беса му вети на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека ќе ги дадат петте потписи, со цел да се формира влада, изјави портпаролот на Беса Орхан Муртезани, информира ТВ21.

Сепак, од таму не сакаат да прецизираат дали ќе бидат дел од новата Влада. Велат Албанската платформа е услов за заедничко владеење, па разговорите со Заев допрва ќе следуваат.

“Во идната влада не смее да има лица против кои и понатаму се водат истраги во меѓународните судови, но и од Специјалното јавно обвинителство. Да се отвори дискусија за редефинирање на уставно-правниот систем на земјата. Овој договор да биде временски ограничен како и транспарентен за јавноста”, изјави  Орхан Муртезани.

И Алијансата за Албанците своите три мандати им вети на социјалдемократите. На денешното централно Собрание на Движењето за Реформи-ДПА, Зијадин Села рече дека единствениот услов за преговори за заедничко владеење, и понатаму е почитувањето на заедничката албанска платформа.

“Нашето учество во владата е ограничено со нашата политичка платформа. Еден од главните услови е законот за јазикот, обелоденувањето на политички монтираните процеси, декриминализација на ова општество, на институциите како и економски развој. Затоа, нема да влеземе во владата само колку да фигурираме, туку ќе влеземе во моментот кога ќе се исполнат нашите поставени услови”, изјави Зијадин Села – претседател на ДР-ДПА.

Со истиот став излезе и партијата НДП предводена од Весел Мемеди, од каде одлучија, нивниот единствен мандат, да остане во рамките на коалицијата Алијансата за Албанците.

Целиот текст можете да го прочитате тука

 

Слични содржини