Алијанса за позитивна Македонија бара ВМРО-ДПМНЕ веднаш да го врати мандатот

од Vladimir Zorba

Алијансата за позитивна Македонија смета дека развојот на актуелната политичка состојба во државата не се одвива според волјата на мнозинството граѓани искажана на вонредните парламентарни избори на 11 декември 2016 година, коишто гласаа за промена на десетгодишното владеење на режимот на Никола Груевски.

„Сузбивањето на криминалот и на корупцијата, владеењето на правото и независноста на судството, почитувањето и заштитата на човековите и на граѓанските права, развојот на мултикултурното општество и интеркултурализмот, бескомпромисното спроведување на т.н. препораки на Прибе, се едни од главните приоритети на кои треба да се посвети идната влада, за да може Република Македонија да се врати кон демократскиот развој и евроатланските перспективи. Токму поради тоа потребен е силен импулс да се врати довербата во правдата и во правната држава и да се продолжи мандатот на СЈО за поднесување обвиненија поврзани со прислушуваните разговори“, се вели во соопштението на партијата.

Алијансата за позитивна Македонија побара ВМРО-ДПМНЕ веднаш да го врати мандатот за формирање влада, со што побргу би се отворил процесот за формирање влада според волјата на граѓаните./Мета

Слични содржини