Алиша Кис е првата поп ѕвезда, која го наметна трендот да се појавува на јавни настани и концерти без капка шминка, а и без фризура.da36398f546990c0d1547c99319e5da3

Пејачката прошета по црвениот тепих на наградите 2016 BET Awards во друштво на својот сопруг Суиз Битс, за кого е мажена веќе шест години, покажувајќи чисто лице без капка мејкап.

Наместо сложена фризура 35-годишната ѕвезда ја скри косата во оригинален турбан.

Кис за прв пат се појави во апсолутно природен изглед кога настапи во финалето на Лигата на Шампионите во Милано, минатиот месец.

Тогаш на сите гледачи им остави впечаток бидејќи таа ја игнорираше тешката сценска шминка во името на својот природен изглед.

Тогаш таа рече: “Мојата музика е сурова и реална, сакам и моето лице да е такво.”

Поп ѕвездата сподели во интервју дека откако оди без шминка се чувствува силна, слободна и навистина убава. Алиша има два сина од Суиз – Иџипт и Џенезис.

Слични содржини