Алколхолизирано лице вознемирувал соседи и се тепал со полицајци

од Vladimir Zorba

policija

Околу 16.30 часот во полиција во Скопје, Д.Т. од селото Долно Соње, скопско, било пријавено дека З.Т. (38) го вознемирувал соседот. Полициски службеници од  Кисела Вода излегле на терен,  каде го пресретнале З.Т.  кој почнал да бега. Едниот полициски службеник успеал да го стигне, но истиот го удрил со тупаница во пределот на градите. Но, за кратко време З.Т. бил совладан и приведен во полициска станица, каде му бил направен алкотест и му  биле констатирани 2,23 промили алкохол во крвта. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини