Алонсо нема да се натпреварува на трката за ГН на Монако

од Vladimir Zorba

 

Возачот на „Мекларен“, Фернандо Алонсо нема да се натпреварува на трката за Големата награда на Монако на 28 мај, бидејќи на тој ден ќе учествува на трката Индијанаполис 500.

Алонсо ќе се обиде да ја освои „тројната круна“ победа во Монако, Индијанаполис 500 и во трката 24 часа Ле Мен. Единствен возач кој успеал да го оствари овој подвиг досега е Греем Хил.

– Ова ќе биде тежок предизвик, а јас сум подготвен, изјави Алонсо кој веќе има две победи на трките во Монте Карло.

Според најавите од „Мекларен“, ова ќе биде единствената трка која ќе ја пропушти Алонсо, а како негова замена се споменува Џејсон Батон./МИА

Слични содржини