Нов зaменик началник на Генерал штабот на АРМ од 18 август ќе биде бригадниот генерал Мухамет Рацај, досегашен заменик началник на Здружената оперативна команда на АРМ, и екс заменик командант на Полкот за специјални операции, дознава Алсат-М од извори во армијата.

arm

 

Сегашниот заменик началник генералот Насер Сејдини заминува во пензија. Покрај него на списокот за пензија се наоѓаат и поранешниот началник на ГШ на АРМ Мирослав Стојановски кој размислува за политичка кариера во опозицијата. Покрај овие двајца, ќе бидат пензионирани и генералот Стојан Димчов, кој е несуден аташе во Брисел и полковникот Круме Велков поранешен директор на ГШ на АРМ со чие заминување власта раскрстува со луѓето блиски до генералот Стојановски.

После оваа чистка во Генералштабот на АРМ и големо пензионирање со указ на Врховниот командант на АРМ  сите генерали ќе имаат блиски релации со владејачката партија и ВМРО ДПМНЕ става целосна рака на одбраната.

Досегашниот Началник на Генерал штабот Горанчо Котевски до крајот на годината се очекува да биде заменет од бригадниот генерал Васко Ѓурчиновски или генерал мајорот Димче Петревски единиот професионалец, без партиско педигре, другиот приврзаник на ВМРО ДПМНЕ.

Слични содржини