Избори на 5 јуни, а ако не – тогаш во нивниот редовен рок по две години од сега. Со овие црвени линии по сè изгледа започна текот на новите преговори меѓу СДСМ од една – и ВМРО, ДУИ и ДПА кои до вчера бараа спроведување на 24 април како датум на изборите, од друга страна, oбјави Алсат М ТВ.

images (8)

Извори на Алсат соопштуваат дека по неуспехот на преговорите од пред два дена, партиите веднаш воспоставиле контакт за постигнување на финална согласност, тоа што го постави како единствена можност и комесарот Хан, во финалната декларација кога рече:

„Сега веќе е до партиите да го постигнта решението – повикајте нè кога ќе бидете подготвени”. Извори на Алсат исто така потврдуваат дека финалниот датум на постигнувањето и објавувањето на оваа согласност е утре наутро и јасниот и точен сигнал треба да ù се соопшти на ЕУ.

Како што објави Алсат М, страните уште вчера ги започнале преговорите, не само со телефонски разговори, туку и со средби далеку од очите на јавноста на кои бил присутен и посредникот Ванхојте, како и претставници на американската амбасада во земјата која го модерираше својот став за исполнување услови за избори, а не само почитување на датумот, поддржувајќи го СДСМ.

Сепак, останатите партии ВМРО, ДУИ и ДПА инсистираат за 5 јуни како датум за избори и периодот до овој датум за прочистување на избирачкиот список би бил доволен за еден фер процес./ Алсат М

Слични содржини