Амал и Џорџ Клуни – фатени во ресторан

од Vladimir Zorba

Иако веќе се родители, Џорџ и Амал Клуни вложуваат труд да имаат време и за личен живот.

Двајцата беа фатени од фотографи како излегуваат од локалот Gatto Nero, сместен недалеку од резиденцијата на езерото Комо во Италија.

Сопружниците се сместени таму веќе неколку недели со малите близнаци Александар и Ела.

39-годишната активистка изгледала беспрекорно во црно-бела тоалета на Elisabetta Franchi.

56-годишниот сопруг бил во секојдневна облека – со светла кошула и фармерки. Тие се држеле за рака и изгледале среќни, забележува OK Magazine.

Кон семејството се приклучила мајката на Амал – Бари Аламудин.

Деновиве Џорџ Клуни се пожали дека папараците илегално влегле на територијата на семејниот нивен дом и се фотографирале со близнаците. Поради овие нивни активности сега им се заканува затвор.

Слични содржини