Амал Клуни ќе ги раѓа децата во Лондон

од Vladimir Zorba

Џорџ и Амал Клуни сакаат да ги одгледуваат своите деца во Велика Британија или барем во првите нивни години, соопштува Femalefirst.co.uk.
Според медиумот Адвокатката за човекови права одлучила да ги роди во Лондон близнаците кои ги очекуваат заедно со актерот. Токму во својот дом во Сонинг, Беркшир, славното семејство се надева дека ќе ги помине следните неколку години, одгледувајќи ги мирно децата.

Неодамна Џорџ Клуни изјави во интервју дека се уште не измислиле имиња за бебињата. Како причина тој истакна дека има пријатели кои ги одбрале имињата во присуство на родителите и имало спорови. Очигледно тоа е нешто што тој и Амал сакаат да го избегнат засега.

Актерот додаде дека татковството е голема одговорност и тој решил да ги избегнува веќе опасностите во својот живот.
” Ние одлучивме да бидеме многу поодговорни, да ги избегнуваме опасностите. Јас нема да одам повеќе во Јужен Судан или во Конго, Амал нема да оди повеќе во Ирак и ќе избегнува места каде знае дека не е пожелна. Претходно не ми беше гајле , дури би рекол дека имаше доста возбудлива страна во тоа да одам на места каде што дури ни репортер не стапнал. Но сега имаме можност да живееме во три држави: Америка, Италија и Англија . ”

Клуни дополнува за нивните идни планови:
” Кога децата ќе треба да тргнат на училиште, ќе размислиме каде да се утврдиме. Засега ќе се движиме спрема своите работни планови. Повеќето луѓе мислат дека ние никогаш не сме заедно, но всушност никогаш не сме биле поделени повеќе од една недела .”

Слични содржини