Аманда Сејфрид стана мајка

од Vladimir Zorba

Аманда Сејфрид му го подари на сопругот Томас Садоски нивното прво дете кое е девојче, соопшти Контактмјузик.

Портпаролот на двојката потврди дека Сејфрид – ѕвездата од филмот “Мама Миа”, и нејзиниот сопруг, актерот Садоски, станаа родители.

Само пред неколку недели Томас откри дека тајно склучил брак со Аманда во покраината, откако двајцата се верија во септември 2016 година.

На нивната свадба присутно беше само кучето на Аманда – Фин.

Пред да објави дека е бремена, 31-годишната Сеjфрид призна дека секојдневно чувствува “притисок” да има деца. Сопругот ѝ е на 40 години.

Слични содржини