Амазон во преговори со авио-превозникот Азул за создавање на бразилска дистрибутивна мрежа

од desk2

Амазон влезе во преговори со бразилската авио-компанија Азул за формирање на дистрибутивна мрежа во огромната јужноамериканска држава.


Азул е без конкуренција најголемиот авио-превозник во Бразил и Амазон очекува дека да ја искористи неговата инфраструктура за да ги надмине проблемите со дистрибуцијата во Бразил, каде се соочува со лоши патишта низ амазонските џунгли и безбедносни проблеми, поради што нема директна дистрибутивна мрежа туку користи бразилски компании.

Само околу пет проценти од продажбите во Бразил се вршат преку интернет, но овој дел од трговијата е и најбргу растечки сегмент, со очекуван двоцифрен раст.

Слични содржини