Амбасада на САД: Дејтонскиот договор не овозможува отцепување на ентитет

од Vladimir Zorba

 – Амбасадата на САД во Сараево реагираше на изјавата на претседателот на Република Српска Милорад Додик дека РС сака да биде во заедница со Србија и потенцираше дека Дејтонскиот договор не дава можност за отцепување на некој ентитет.

„Какви било активности преземени со цел распаѓање на Босна и Херцеговина ќе претставуваат кршење на Дејтонскиот договор и се неприфатливи. Ние многу сериозно ја сфаќаме безбедноста и стабилноста на БиХ и посветени сме на нивно зачувување“, се наведува во соопштението на американската Амбасада.

Во соопштението се додава дека отцепување не е во согласност ниту со Уставот на БиХ.

„Ставот на САД по ова прашање е добро познат и непроменет. Ние сме посветени на принципите на Дејтонскиот договор – Босна и Херцеговина е демократска, мултиетничка, суверена и независна држава и нејзиниот територијател интегритет не се доведува во прашање“, се наведува во реакцијата од САД. с

Слични содржини