amerikanska-ambasada

На Специјалната јавена обвинителка мора да и биде овозможено да спроведе целосна и независна истрага, без никакви опструкции, а државните институции и политичките партии треба да соработуваат, велат за „Мета“ од амбасадата на Соединитетите Американски Држави во Скопје, во врска со истрагата на СЈО во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Оттаму потенцираат дека утврдувањето на одговорноста за незконското прислушување е еден од клучните чекори за излез на земјата од политичката криза.

„На СЈО мора да му биде овозможено да спроведе целосна и независна истрага без одложувања или опструкции, а владините институции и политичките партии треба да соработуваат во овие процеси. Според Договорот од Пржино, утврдувањето на одговорноста за незаконското прислушување и наводите за злоупотреби од владата се клучен чекор за ставање крај на политичката криза и за напредок кон членството во НАТО и Европската Унија“, се вели во изјавата од американската амбасада.

Претходно и Делегацијата на Европската Унија во Македонија ги повика сите страни да се придржуваат до договореното и да не вршат опструкции на работата на Специјалното јавно обвинителство.

Специјалното јавно обвинителство вчера влезе во УБК со два судски налози со кои се бара увид во документацијата и податоците од системите за следење на комуникации.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева соопшти дека соработката со раководството на УБК оди „многу тешко“.

Тимот обвинители и истражители сè уште се во Управата за безбедност и контраразузнавање.

Слични содржини