Амбасадата на САД во Загреб ги осуди неонацистичките и усташките ставови

од desk2

Амбасадата на САД во Загреб денеска најсилно ги осуди неонацистичките и усташките ставови изразени за време на вчерашните демонстрации во центарот на Загреб, што беа организирани од страна на Автохтона – Хрватската партија на правата (ХСП).

– Амбасадата на САД најсилно ги отфрла неонацистичките и проусташките ставови изразени за време на вчерашните демонстрациите во Загреб, се наведува во соопштението за медиумите.

На истите протести, имено, е изразена и поддршка за американскиот претседател Доналд Трамп. Американската Амбасада поради тоа истакна „Го осудуваме секој обид за поврзување на САД во оваа омразена идеологија“.

Од Амбасадата порачаа дека таквата сугестија го навредува сеќавањето на 186.000 американски војници кои загинаа во Европа во борбите против нацистичка Германија и невините жртви убиени за време на Втората светска војна.

На протестите, поради нарушувањето на јавниот ред и мир, приведен е претседателот на (ХСП) Дражен Келеминац.

Келеминац (53) е пренесен во службените простории за кривична истрага поради повреда на одредбите на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Слични содржини