Чиј е Хан?A Што (не)знел  со ваквиот пристап во преговорите за решавање на политичката криза за Македонија. Дилема и колку воопшто како политичар сериозно е навлезен во проблемот , а камоли во  спецификите и нијансите кои одлучуваат.. Можеби тој е само во стилот на протокол мајсторите кои скокајќи од проблем на проблем само отпоздравуваат демагошки порачуваат ТРЕБА, или го загаснуваат пожарот а димот и натаму чади ли чади и чека ново распалување

han

Зборувајќи за прашањето за неутралноста на еврокомесарот Јоханес Хан во преговорите за решавање на политичката криза во Македонија, новинарот Васко Попетревски во вчерашната емисија „Вин Вин“ на „24 Вести“ кажа информација добиена од дипломатски извори.

– За жал, перцепцијата за тоа дека Хан можеби не е доволно неутрален, не е само медиумска шпекулација. Доаѓам од еден собир на кој имав шанса да разговарам со повеќе дипломати во Скопје. Денеска имало, еден од редовните координативни состаноци на амбасадори главно на земји членки на ЕУ, и еден од претставниците на една од влијателните земји членка, го поставил прашањето за неутралноста на Хан, поточно за неговите бизнис интереси во фирмата „Новоматик“. Оваа информација, со сигурност ви тврдам, е стигната до Хан, се ѕвонат телефони за да го разјаснат ова прашање. Но ако дипломат на влијателна земја членка си дозволил да го постави прашањето за неутралноста на Хан претпоставувам дека и ние сме тука некаде на вистинската трага околу оваа дилема – рече Попетревски.
download

Австриската компанија „Новоматик“ подолго време е присутна во Македонија како сопственик на казина. Во март 2014 година таа стана сопственик и на казиното „Фламинго хотел“ кај Гевгелија, на границата со Грција.

Како што соопшти менаџментот на компанијата тогаш, се работи за инвестиција вредна 20 милиони евра, а беше кажано и дека компанијата веќе има инвестиции од 40 милиони евра во Македонија. Гостин на промоцијата беше возачот на Формула 1, Ники Лауда.

Според информациите во медиумите „Новоматик“, во Македонија има четири одделни фирми, ги поседува и казината „Адмирал“ и „Астра“ како и над 30 клубови со слот машини во повеќе градови низ државава.

Според официјалната биографија на еврокомесарот Јоханес Хан, тој од 1997 до 2003 година работел како член на бордот на директори на „Новоматик“, а еден период бил и извршен директор на компанијата.

Деновиве, за ова прашање наголемо се дискутира на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, а повеќемина му го поставуваат ова прашање на Хан преку неговиот Твитер профил, но и преку профилите на Јункер, на Европската комисија…

Слични содржини