Оер

Амбасадорката на Франција во Македонија Лоренс Оер денеска изјави дека треба да се поддржи предлогот за излез од поличката криза на еврокомесарот Јоханес Хан и дека политичкиот дијалог меѓу четворицата лидери треба да продолжи додека да се изнајде компромис. ЕУ, посочи Оер, побара од Македонија да исполни неколку критериуми што се однесуваат на последните настани во државата.

– Преговорите вчера завршија многу доцна и беа продолжение на договорот што беше постигнат на 2 јуни. Треба да се продолжи со реформите во насока за организирање на што подобри избори што се предвидени да се одржат во април следната година. Јас уште еднаш ќе го искажам моето мислење дека алтернативата на комесарот Хан треба да се подржи со тоа што политичкиот дијалог меѓу четворицата лидери во Македонија треба да продолжи додека не се изнајден копмромис односно одржлив резултат, изјави Оер.

Слични содржини