Македонскиот амбасадор Гоце Карајанов денеска бил повикан во руското Министерство за надворешни работи каде го информирале за дипломатските контра мерки што ќе ги повлече Руската федерација откако Македонија одлучи да протера руски дипломат, потврдуваат за МИА извори од МНР.  

Според последните информации Москва протерува еден македонски дипломат од нашата амбасада во Москва као знак на реципрочните мерки по протерувањето на руски дипломат од амбадсадата во Македонија

Руското Министерство за надворешни работи повикува западни дипломати кои ги запознава со реципрочни мерки откако нивните земји се солидаризираа со Велика Британија во врска со случајот Скрипал и протераа руски дипломати

Денес вкупно се повикани амбасадорите на 9 земји членки на ЕУ – Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Латвија, Литванија, Полска, Чешка и Словачка, информира  АФП.

Други медиуми јавija дека МНР ги повикало  амбасадорите на Велика Британија, Италија, Полска, Холандија, Албанија, Романија, Украина, Чешка, Белгија, Латвија, Литванија, Македонија, Хрватска, Шведска, Данска и Грција.

Според информации на РИА Новости Русија протера четворица полски дипломати, тројца литвански, еден латвиски, двајца италијански, двајца холандски и военото аташе на Естонија Тоомас педалите . Тие мора да ја напуштат земјата до 7 април.

TASS објави дека Москва, исто така, го брка шведскиот и финскиот дипломат.

Потоа Министерството, соопшти дека Русија одлучила да протера 18 дипломати од 9 држави членки на ЕУ.

Во соопштението од Министерството се вели дека Русија ја донесе одлуката за протерување на дипломати од 23 земји , вклучувајќи ги Украина, Германија и Франција.

Москва ги протера европските дипломати

 

 

Ројтерс објави дека засега биле протерани 59 дипломати .

Москва го задржува правото да одговори на Белгија, Унгарија, Грузија и Црна Гора , кои во последен момент се приклучија  на другите земји.

Берлин објави дека Русија протерала четири германски дипломати.

Потсетуваме дека Велика Британија  ја обвинува Москва дека стои зад труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во англискиот град Солсберската на 4 март. Според Лондон, Русија користела нов хемиски агенс.

Десетици држави и една организација се протерани од повеќе од 150 руски дипломати: САД – 60 дипломати; Велика Британија – 23 дипломати; Украина – 13 дипломати; НАТО – 7 дипломати; Канада – 4 дипломати; Германија, Франција и Полска исто така 4 дипломати; Молдавија, Чешка и Литванија – 3 дипломати; Шпанија, Холандија, Данска, Италија, Албанија и Австралија – 2 дипломати; Белгија, Унгарија, Грузија, Шведска, Хрватска, Романија, Финска, Естонија, Ирска, Норвешка, Македонија, Латвија и Црна Гора – по 1 дипломат.

Слични содржини