Амбер Херд и Илон Муск за првпат официјално како пар во јавност

од Vladimir Zorba

Амбер Херд ги потврди гласините дека се среќава со Илон Муск и објави нивна заедничка слика во својот личен профил во Instagram.

На кадарот 31-годишната поранешна сопруга на Џони Деп го прегрнала 45-годишниот претприемач.

Повнимателните фанови забележаа траги од црвениот кармин на русокосата врз образот на креаторот на Tesla, кои покажуваат бакнеж.

Овој викенд двојката беше забележана како се држи за раце на прошетка во Австралија, каде Амбер го снима својот нов филм.

Херд и Муск биле во друштво на двајца од вкупно шесте синови на инвеститорот. Првите сомневања дека актерката и милионерот се заедно се појавија минатата година во јули.

Пред да ја започне врската со Илон Муск, Амбер Херд беше мажена за Џони Деп.

Тие се разведоа по подигање на тужба од страна на актерката, обвинувајќи го Деп за агресивно однесување и малтретирање.

 

Слични содржини