Амбер Херд не престанува да го гризе Џони Деп

од Vladimir Zorba

Новогодишните празници завршија, а судските препирки меѓу Џони Деп и Амбер Херд – не. Откако актерот побара од поранешната сопруга да ги плати судските трошоци кои тој ги има по нејзина вина, Херд излезе со ново официјално барање. Таа раскажа дека Деп едноставно не сака да ги исплати нејзините седум милиони долари (кои таа сакала да потроши за добротворни цели) и прави сé за да го успори бракоразводниот процес.

„Џони и неговите адвокати намерно ја  одлагаат бракоразводната парница- за да ме казнат. Ми соопштија дека Џони ги презема овие срамни чекори со намера да побара од мене пари за да си ги плати судските трошоци, бидејќи јас побарав судот да го обезбеди нашиот договор склучен уште пред четири месеци.

Велат дека Џони тврди дека токму јас сум го одложувала судскиот процес и никој друг. Тоа е нискост и гадост. Џони го одложи крајот на случајот! Јас само сакам да си го вратам животот. Сакам да се разведам од него во овој момент !“, се вели во барањето на Херд објавено во E! News.  Несогласувањата во случајот за разводот на ѕвездите се појавија откако Амбер објави видео посветено на проблемите на семејното насилство. Без да наведува имиња актерката раскажува во видеото за преживеаната емоционална траума и насилство на кое била подложувана  постојано.

Адвокатите на Деп оценија дека со тоа свое дејство Херд ги нарушува условите на договорот за доверливост, кој двајцата поранешни сопружници ги потпишаа уште во август. Херд сака да е завршено сè, но под нејзините услови.

Екипата на Џони тврди дека Амбер има потреба од свои 15 минути слава и ја советува да се смири. Но, се чини дека токму тоа не планира да го направи актерката.

 

Слични содржини