Амбер Роуз призна дека е тајната љубовница на Џеј Зи

од Vladimir Zorba

33-годишната Амбер Роуз одлучи да предизика мешаница во односите меѓу Бијонсе и Џеј Зи. На својата страница на Twitter актерката направи сензационална изјава во која навести дека е љубовница на Џеј Зи.

“Еј, Бијонсе! Имам една тајна. Јас сум Беки со кратката коса “. Со оваа реченица Амбер сакала да ги потсети фановите на ѕвездената двојка за непријатната приказна која Бијонсе ја раскажува во својата песна Sorry, соопштува Daily Mail.

Во својата композиција пејачката потсетува дека “Беки со убавата коса” е онаа со која нејзиниот маж ја изневерил.

Сопружниците го преживеаја овој тежок за нив момент, но зошто Херд одлучила токму сега, пред раѓањето на близнаците да ги потсетува сè уште не е јасно.

Првично се сметаше дека љубовницата на раперот била Рита Ора, но самата таа ги негираше тврдењата.

Слични содржини