Американските сили од воздух фрлиле муниција за малокалибарско оружје на бунтовниците кои се борат против џихадистите на Исламската држава во северна Сирија, соопштија денеска официјални воени американски извори.

SYRIA-CRISIS_2419012b

Портпаролот на американската централна команда Патрик Рајдер изјави дека муницијата е доставена на арапските борци чии „лидери САД ги провериле и кои се борат да ја уништат ИСИС во Северна Сирија“.

Со падобранец се спуштени околу 50 тони муниција.

Претставник на бунтовниците соопштил дека денес добиле уверение од Вашингтон дека на пат е ново оружје кое ќе им помогне да започнат заедничка офанзива со своите курдски сојузници.

Курдските сили, со поддршка на арапските бунтовници, претходно ги протераа екстремистите на ИСИС од поголем дел од територијата на северна Сирија.

Слични содржини