Американка пронашла добитен тикет од 500.000 долари

од desk2

Роса Ибара од Тексас во ранецот на нејзиниот сопруг пронашла добитен тикет од Лотаријата на Вирџинија од 500.000 долари.

Сопругот на Ибара бил на службен пат во Вирџинија и откако се вратил дома таа решила да го исчисти неговиот ранец, при што го нашла тикетот за кој првично мислела дека е недобитен.

Роса го однела тикетот кај нејзиниот сопруг, а тој и рекол дека во ранецот го ставил негов колега.

Кога сепак ги провериле бројките утврдиле дека тикетот носи премија од 500.000 долари.

Слични содржини