Американската амбасада излезе со став за вчерашните оставки на министрите за внатрешни и транспорт, Јанкуловска и Јанакиевски, како и шефот на УБК, Сашо Мијалков, пренесе НОВА.
22358golema
-Оставките на високите владини функционери се позитивен чекор за решавање на сегашната политичка криза и за придвижување на Македонија напред

Како што веќе имаме кажано неодамна, важно е лидерите во Македонија да ги истражат можните злоупотреби на власт и да преземаат чекори за реформирање на демократските институции и процеси во Македонија.

Како пријател и партнер на Македонија, Соединетите Држави се спремни да помогнат во овој процес, вели Американската амбасада во Македонија за НОВА.

Слични содржини