Американската амбасада го призна изборот на Претседател на Собранието на РМ

од Vladimir Zorba

Американската амбасада во Република Македонија објави официјално соопштение на својата Фејсбук страна:„Најстрого го осудуваме насилството во Парламентот. Тоа не е во согласност со демократијата и не е прифатлив начин да се надминат разликите. Од критична важност е сите партии да ги почитуваат демократските процеси и законот, како и да се воздржат од насилни активности кои ќе ја влошат ситуацијата. Парламентарното мнозинство го избра Талат Џафери за спикер во Парламентот преку регуларна, продолжена седница во Парламентот, посведочена од членови на јавноста и медиумите. Ние ќе соработуваме со него за да ја поддржиме демократијата и да ги унапредиме интересите на Македонија.“

 

Слични содржини