Американски ловци Ф-35 пристигнаа во Естонија за учество во вежба на НАТО

од Vladimir Zorba

 

Два американски ловци Ф-35 пристигнаа во Естонија за учество во воена вежба на НАТО.

Тоа е првото оперативно распоредување на тој тип авиони во континентална Европа.

Ловците се со технологија СТЕЛТ, која ги прави невидливи за радарите. Авионите вчера слетаа во воено воздухопловната база Амари, полетувајќи од базата на британските воено воздухопловни сили.

Претставник на Обединетата воено воздухопловна команда на НАТО изјави дека Ф-35 се од главно значење за способноста на Алијансата да го заштити воздушниот простор на земјите-членки.

Армијата на Северна Кореја спроведува најголемите маневри досега

Авионите се дел од најскапата програма за вооружување на Пентагон, кој чини околу 400 милијарди долари.

Слични содржини