Материјал за содржината на книгата, која треба да излезе од печат, објавува весникот “Хил” во своето електронско издание  со специјализирани детали  во покривање на активностите на американскиот Конгрес.

Авторите на книгата, кои се повикуваат на неименувани извори од опкружувањето на Клинтон, пишуваат дека во изборната ноќ штабот на демократката до последно се надевал на промена во гласањето во нејзина корист. Кон 1,30 часот по Источно време, сепак било соопштено дека  Пенсилванија, кој се смета за упориште на демократите, исто така, е освоен од републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп. Тогаш Обама и се јавил на Клинтон и и рекол да го признае поразот.

Избирачките места  биле затворени и станувало веќе повеќе или помалку јасно дека Трамп ќе победи на изборите, но соработниците на Клинтон се обиделе да добијат на  време. Шефот на нејзиниот штаб Џон Подеста ги повикал поддржувачите е да си легнуваат да спијат и подоцна  да очекуваат конечните резултати од гласањето. Малку потоа сепак Клинтон ставила крај на одолговлекување и рекла да и дадат телефон за да му се јави на Трамп.

Авторите на книгата пишуваат дека повикот на Обама оставил горчлив вкус во устата на некои сојузници на Клинтон, кои сметале дека таа би требало да почека подолго. Сега меѓу логорите на Обама и Клинтон се води битка за тоа дали да бидат поддржани напорите за повторно пребројување на гласовите во државите од т.н.. Рѓосан појас.

Штабот на Клинтон се стреми да ја искористи ситуацијата, без директно да презема иницијативата, откако за пребројувањето инсистира еден од аутсајдерите на изборите – кандидат-претседателот на Зелената партија Џил Штајн. Ниту Националниот комитет на демократите, ниту кампањата на Клинтон сакаат да бидат официјално поврзувани со слични напори, бидејќи тоа би создало негативен впечаток барем кај некои гласачи.

Сојузниците на Обама се категорично против повторно пребројување на гласовите. Владата веќе изјави дека на изборите немало никакво кибер замешателство и резултатите целосно  ја одразуваат волјата на американскиот народ.