Непрофитната “Викимедија фаундејшн” (Wikimedia Foundation), која ги држи правата на популарната интернет енциклопедија “Википедија”, основа добротворна фондација за поддршка на проектот.4594584

Информацијата е на АП. Како што забележуваат од организацијата, намерите се до 2016 година да бидат собрани до 100 милиони американски долари. Првата рата е на програмерот од САД Џим Пачеј. Тој почина во 2014 година, но уште пред смртта го определи износот за развојот на “Википедија”, соопшти ТАСС.

Онлајн енциклопедијата славеше во петокот 15 години. Сопствениците на проектот периодично прават кампањи за собирање на средства. Тие се обраќаат најчесто преку интернет кон корисниците на инаку бесплатниот сајт. Според информациите на АП, само минатиот декември “Викимедија фаундејшн” привлекла на овој начин околу 30 милиони долари. Од различни извори, меѓу кои се вложени во проектот краткорочни инвестиции, за работата на енциклопедијата се собрани околу 250 милиони долари.

Слични содржини