Директорот на американската Национална разузнавачка служба Џејмс Клапер изјави денеска дека нема директни докази оти падот на рускиот патнички авион е терористички акт.

crash04_3488780b (1)

– Се уште немаме директни докази за некаква вмешаност на тероризам во саботната несреќа при што загинаа 224 луѓе, посочи Клапер.

Тој додаде дека Исламска држава, која презеде одговорност за нападот, има значително присуство во египетскиот дел на Синајски Полуостров, каде што се случи несреќата.

Клапер на прашањето дали ИД има капацитет да изведе таков напад и да собори патники авион, одговори дека тоа е малку веројатно, но оти не ја исклучува таквата можност.

Египетскиот огранок на ИД во саботата ја презеде одговорноста за падот на рускиот патнички авион, при што загинаа 224 патници и членови на екипажот.

Слични содржини