Американскиот претседател ќе се спогодува за судскиот процес „Универзитетот Трамп“?

од Vladimir Zorba

Адвокатите на новоизбраниот претседател Доналд Трамп се согласија да почнат разговори за спогодба околу тужбата за наводна измама поврзана со поранешниот Универзитет Трамп.
Претходно, во судот во Сан Диего, Калифонија, тие се обидоа да го поместат датумот за судско рочиште од 28-ми ноември, за наредната година, откако Трамп ќе положи заклетва на функцијата. Адвокатите на Трамп образложија дека во моментов тој се соочува со премногу интензивен период на транзиција, за да може да се фокусира за случајот, пишува Гласот на Америка.

Според тужбата, поднесена во 2010-та година, студентите на Универзитетот Трамп платиле до 35.000 долари, за да добијат, како што им било ветено, информации за стратегии во инвестирање во недвижнини. Тужителите велат дека биле измамени дека Доналд Трамп лично ќе ги избере инструкторите на програмата.

Слични содржини