Американскиот протекционизам може да го поткопа растот на швајцарската економија

од Vladimir Zorba

 Бизнис светот денеска

 

Берн – Швајцарската влада предупреди дека американскиот протекционизам може да го поткопа растот на швајцарската економија ориентирана кон извоз и да предизвика засилување на франкот. Швајцарското Министерство за економија благо ги зголеми макроекономските проценти па сега очекува дека бруто домашниот производ (БДП)  оваа година да порасне за 2,4 отсто, а идната година 2,0 отсто. Исто како и Швајцарската народна банка минатата недела, Министерството порача дека неодамнешното добредојдено слабеење на швајцарскиот франк во однос на еврото би може да се сврти, ако повторно избие напнатост на финансискиот пазар, што ќе им создаде проблем на швајцарските извозници. „Глобалниот раст може да потрае подолго отколку што се очекуваше, а швајцарскиот франк може дополнително да се ослаби ако продолжи периодот на добрите меѓународни економски услови, што пак дополнително ќе ја зајакне швајцарската економија“, порача Министерството.

Пекинг – Пекинг планира времето потребно за отворање фирма да се намали од просечните 22 работни дена, колку што беше потребно во 2017 година, на пет работни дена, се со цел да се подобрат  бизнис условите. Пекинг до крајот на месецов ќе ги преземе потребните мерки за да може регистрацијата на бизнис субјектите да се заврши за пет работни дена. Престолнината ќе промовира он лајн регистрација и даночен систем  за да се олесни процедурата. Во Пекинг работат 2,1 милион претпријатија, што е 47,52 отсто повеќе отколку пред пет години. Повеќе од 500.000 од нив се претпријатија што се занимаваат со некој вид технологија, што е 121 отсто повеќе отколку пред пет години.

Белград – Јавниот долг на Србија паѓа со голема брзина, констатира глобалната бонитетна куќа Дун&Брадстрит (Dun&Bradstreet) во најновиот февруарски „Извештај за меѓународниот ризик и ефикасност на плаќање кон странство“. Од ниво од 74,7 отсто БДП во 2015 година јавниот долг на Србија паднал на 63,6 проценти на крајот на 2017, што ја наведе рејтинг агенцијата Фич да го подигне кредитниот рејтинг на Србија од ББ на ББ, се напоменува во извештајот на  Дун&Брадстрит, а според соопштението на компанијата Бисноде ексклузивен застапник на таа бонитетна куќа во Србија.

Приштина – Косовскиот премиер Рамуш Харадиниј, кој учествуваше на третиот форум на високо ниво „Вложување во енергетска инфраструктура“ во Приштина, наведе дека Косово останува посветено на решавање на енергетскиот спор со Србија кој ги забави електричните часовници низ Европа. ЕНТСО соопшти претходно дека часовниците забавиле и до 6 минути од средината на јануари. Исто така се забавени и часовници за централно греење и оние за печките, но не и на компјутерите и на паметните телефони, пренесува РТК2.

Земјите од Шпанија до Турција, од Полска до Холандија, се дел од големо подрачје во Европа поврзано во електрична мрежа која работи на синхронизирана фреквенција.

Белград – Договорот за концесија на белградскиот аеродром Никола Тесла в четврток ќе биде потпишан со француската компанија „Ванси ерпортс“, јавиТанјуг. Владата на Србија концесијата  на белградскиот аеродром ја довери на компанијата „Ванси ерпортс“ која победи на тендер. Французите понудија  501 милион евра за 25 години, со инвестициска обврска од 732 милиони евра, додека годишната такса на концесијата ќе биде од 5 до 16 милиони евра.

МИА

Слични содржини