Американците се селат кон јужните држави

од Vladimir Zorba

Во последно време се повеќе Американци кои живеат во големите градови во северниот дел на земјата, се преместуваат кон јужните држави.

Ова го покажуваат новите податоци за бројот на жителите во окрузите, објавени во четвртокот од страна на властите. Така на пример Чикаго и неговата околина (Илиноис) во 2016 година го напуштиле рекорден број жители во споредба со другите градски окрузи во различните држави. Во исто време, бројот на населението во Тексас се зголеми значително, особено во приградски зони на Далас и Хјустон. Таков  тренд се забележува и во одделни региони во Аризона.

Социолозите се обидуваат  да ги наведат конкретните причини кои ги поттикна Американците кон масовен егзодус. Многу од нив сметаат дека вината за тоа имаат криминалот и ниското ниво на образование во училиштата во многу градски области на северните Држави.

Експертите укажуваат дека е можно трендот кон внатрешно преселување едноставно да продолжи по завршувањето на економската криза, за време на која луѓето претпочитаа да остануваат да живеат во големите градови, за да не си ја  изгубат работата. Но не е исклучено многу жители на северните држави да земаат одлуката да се преместат од т.нар. “Снежен појас” (околу две третини од државите) кон регионот на “соларниот појас” со долго и топло лето, само поради климата.

Во САД има 3140 окрузи. Според последниот попис на населението од 2010 година, во САД живеат 308,8 милиони лица./ТАСС

Слични содржини