Ана Данева Маркова нов претседател на Комитетот за безбедно мајчинство

од Vladimir Zorba

Нов состав на Комитетот за безбедно мајчинство,  денеска беше избран откако се одржа конститутивна седница Во Министерството за здравства. Нов претседател на Комитетот за безбедно мајчинство е Ана Данева Маркова од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.

– Членови на комитетот се лица со медицинска експертиза и долгогодишно искуство во областа на гинекологијата, акушерството, неонатологијата, педијатријата и сродни дисциплини, а целта е да се обезбеди сеопфатен пристап кон решавање на проблемите и координација на предложените активности и мерки – се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Министерот за здравство, Венко Филипче, изрази силна поддршка за работата на комитетот за безбедно мајчинство и соработка во однос на сите предлози, одлуки, заклучоци кои ќе бидат донесени за надминување на актуелните состојби со смртноста на новороденчињата.

– Во наредниот период, комитетот кој претставува консултативно тело на министерот за здравство интензивно ќе се сретнува со цел побрзо и поефикасно обезбедување на препораките и предлог – мерките за унапредување на здравјето на мајките и децата, со посебен фокус на намалување на новороденечка смртност – пишува во соопштението.

Слични содржини