Аналитичари: Груевски ќе ја блокира конститутивната седница бидејќи се плаши од СЈО

од desk2

И покрај тоа што беше постигнат договор дека претседателот на Комисијата за избори и именувања ќе биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, аналитичарите Насер Зибери и Темелко Ристевски не очекуваат партијата на Никола Груевски да се откаже од блокирањето на конститутивната седница, информира Алсат М.

Според Зибери, ВМРО прави сè за да го спречи продолжувањето на мандатот на СЈО за, како што вели, да не се соочат со правдата.

„Дали Велјановски ќе го почитува овој начин на водење на пленарната седница и на конституирање на Комисијата за именувања не може да се потврди, ниту пак да се демантира, бидејќи оваа личност е дел од раководната структура на ВМРО-ДПМНЕ која не го почитува ниту Уставот, ниту Законот за Парламент, ниту Деловникот за работата на Парламентот, па затоа ситуацијата е сосема непозната. ВМРО-ДПМНЕ ќе добие доволно простор за да ја продолжи контролата врз судството и за да ја оневозможува ефективната работа на Специјалното обвинителство со процесите кои ги претставуваат пред судовите бидејќи тие судови се целосно заробени од ВМРО-ДПМНЕ и целосно ја прават неефективна работата на СЈО.“ – изјави Насер Зибери, аналитичар

Професорот Темелко Ристевски пак забележува дека Груевски се плаши од СЈО; па затоа, како што вели, ќе го блокира продолжувањето на конститутивната седница.

Според Ристевски, со евентуалното заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, судовите конечно ќе биле ослободени од стегите на партијата на Груевски и ќе започнеле да ги процесираат предметите на СЈО./извор Алсат М

Слични содржини