Аналитичари: Лицемерен настап на Груевски

од Vladimir Zorba

На 27-от роденден на ВМРО-ДПМНЕ партискиот лидер најави поинакво однос кон Албанците и кон меѓународниот фактор, ако во иднина пак стане премиер. Овој став на Никола Груевски доаѓа по многуте изјави во кој ги обвинуваше Албанците и меѓународната заедница за демакедонизација на земјата, информира АлсатМ.

Аналитичарите велат дека Груевски со овие изјави ја потврдува својата дволичност. Според Исмет Рамадани ВМРО-ДПМНЕ може се промени, но без Груевски како лидер.

“Ова е уште едно лицемерие на Груевски. Тој бара последен спас бидејќи е пред внатрепартиски проблем. Најважно е тоа што тој со меѓународната заедница нема нормална комуникација. Неговите изјави нема да се земаат сериозно.Секако дека Албанците не треба да му веруваат, во тоа нема никакви дилеми“, оценува аналитичарот Исмет Рамадани.

Јове Кекеновски вели дека се што сега Груевски ветува на Албанците имаше можност да го реализира во изминатите 11 години.

Рамадани и Кекеновски сметаат дека со тоа што Груевски врши притисок врз членството на ВМРО-ДПМНЕ, тој дава сигнали дека сака да се врати уште посилен. Според нив, реформите во ВМРО-ДПМНЕ треба да почнат со негово отстранување од функцијата. Откако Груевски не успеа да формира влада, тој ја заостри реториката кон Албанците и се произнесе против албанската платформа. Груевски ја обвинуваше и меѓународната заедница за инсталација на странски центри кои работат против неговата партија и нејзино симнување од власт./АлсатМ

Слични содржини