Психолошката нестабилност е заеднична карактеристика за сите четворица извршители на нападите во Германија во последниве 10-тина дена, оценува групата „Аналитичари на ризикот“, според која, постојат „малку причини“ за стравување од голем организиран терористички напад во Берлин. 1469580600-download

Според групата, чие седиште е во Лондон, има малку заеднички карактеристики на нападот со нож и секира во возот во Баварија, воружената престрелка во Минхен, нападот со нож во Ројтингер и саморазнесувањето на бомбашот самоубиец во Ансбах.

– Сите четворица напаѓачи имале ментални нарушувања, кои лежат во позадината на нивните постапки. Севкупната нестабилност, на ваквите лица им овозможува полесно да се изразат преку насилството, смета групата „Аналитичари на ризикот“.

Во извештајот на групата се наведува дека сите напади се извршени со цел „да се зголемат тензиите во земјата и да се поларизира германското општетство“.

Аналитичарот на групата, Дејвид Ли смета дека и покрај „досега невидениот страв“ во Германија од бран терористички напади како оние во Франција, сепак „постојат малку причини да се верува дека следниот голем организиран терористички напад би можел да се случи во Берлин“.

Според него, најголема загриженост претставува нападот во Ансбах, бидејќи бомбашот самоубиец користел софицистицирана експлозивна направа, што може да наведе на претпоставката дека е можно тој да имал соучесници или да бил поддржан од некоја терористичка мрежа

Слични содржини