“Западен Балкан” е нешто како технички термин кој се употребува веќе 17 година. Тоа колективно име ги  опфаќа земјите од поранешна Југославија – без Словенија, но плус Албанија. Еден регион, кој на Запад има лоша слава, исто како и за пошироката дефиниција “Балкан”. И обратно – во овие земји самиот Запад има не само обожаватели, коментира Драгослав Дедовиќ за  Дојче Веле.западен балкан

Зад овој факт се крие подолга употреба, која денес произведува познатите клишеа: едните сметаат дека Балканот е  хронично назадничав , другите пак – дека Западот е хронично арогантен и циничен.

На средбата во Виена за овие клишеа не се зборува. Таму сите ќе се преправаат дека само се  повторува Берлинската средба од минатата година, чија цел беше побрзо вклучување на регионот во ЕУ. Но вистината е друга. Германија и другите Европејци немаат желба во догледна иднина да примаат  во ЕУ  од овие недоправени и сиромашни држави.

Но продолжуваат неуморно да им ја повторуваат формулацијата, измислена уште во 2003 година на самитот на ЕУ во Солун: “Иднината на балканските земји е во ЕУ”. !?

turcija

Во западните метрополи одамна стравуваат дека кога ќе дојде тој момент, во ЕУ ќе влезат држави со премногу сомнително буџетска дисциплина по грчки примерок.

Недаj си Боже,  да дојдат до еврозоната! На Запад се плашат уште дека овие кандидати за членство исто така имаат малцинства, кои – како и многу Роми  како  од Бугарија и Романија , и  еден ден ќе сакаат да живеат во Дортмунд, наместо дома, каде што се маргинализирани и ужасно сиромашни. Ниту една земја од Западниот  Балкан не го достигна економското  ниво од 1989 година дури и  новата еврочленка Хрватска од 2009 година со   економијата се намалува, а таму каде стопанските показатели се малку подобри – како што е на пример во Црна Гора и во Македонија – структурите на власта, кои самите се сметаат за непогрешливи, директно го парализираат политичкиот живот.

А ако ја погледнеме денешната состојба во Босна и Херцеговина, со причина треба да се запрашаме: што всушност  се завршувило таму  на Западот за 20 година? Оваа држава не може да се пофали ниту со политичка стабилност, ниту со работа и  економија. Очигледно има некоја грешка – и тоа од двете страни на равенката. Во моментов односите меѓу Западот и Западен Балкан навистина личат на некој бесконечен валцер, во кој партнери се ароганцијата и регресијата . Но за тоа не се зборува. Се разменуваат  само комплименти. Во исто време зад сцената на средбата во Виена доминира една тема: бегалци!

.Претставниците на балканските земји се загрижени од хаосот по трасата меѓу Грција и Унгарија: што да прават земјите од Западен Балкан каде  се наоѓаат рутите по маршрутата на бегалците од една еврочленка (Грција) кон друга еврочленка (Унгарија)? Германија пак оди со  сосема друг проблем : над 40% од кандидатите за азил во земјата доаѓаат од Западен Балкан. Но што и да излезе на крајот од овој сложен политички танц во Виена, Западен Балкан нема да ги добијат очекуваните нови економски импулси. Според едно истражување на Универзитетот во Ница, до 2020 година регионот има потреба од барем 110 милијарди. евра инвестиции. За таков “помошен пакет” во Западна Европа нема консензус. Така се добива маѓепсаниот круг: “Ако не сакаат да инвестираат кај мене, јас пак ќе ти дојдам до нозете”. Од речиси две децении Западот е главен економски и политички актер на Западен Балкан. Но по неуспехот на некогашна Југославија сега во регионот се јавува и неуспех на ЕУ. Ова е еден предизвесен неуспех, за кој сепак во Виена нема да стане збор. Но некогаш оваа дискусија треба да се одржи по секоја цена.

Слични содржини