АНАЛИЗА: Избори, повеќе од 1 милион евра потрошени за десет дена!

од Vladimir Zorba

timthumb

Во период од десет дена, само четири политички партии, ДУИ, ДПА, Вмро-Дпмне
и СДСМ за избрни цели потрошиле 1,1 милион евра. Во законскиот рок партиите
ги објавија првите финансиски извештаи за собраните и потрошените пари во
изборна кампања. Дел од невладините организации, задолжени за следење и
мониторирање на изборниот процес упатуваат на можни прекршувања, пишува
економската анализа на Portalb.mk. Најмногу пари за првите десет ден од изборната кампања потрошила Вмро-Дпмне.

Само за митинзи и реклами потрошени 600 000 евра?

Во период од 21 до 27 ноември според првиот Извештај за предизборните
трошења на политичките паритии, Транспернси интернешнал констатира дека
веќе од страна на политичките играчи на изборите само за митинзи се
потрошении 300 000 евра и уште толку за медиумско рекламирање.

“Во вкупно 43 големи собири што беа организирани во текот на една недела
може да се заклучи дека околу 300.000 евра веќе се потрошени. За 11 ТВ
станици (Канал 5, Сител, Телма, Алфа, ТВ Нова, Алсат М, ТВ 21, 24 Вести,
Ера, Шења, Арт) потрошени околу 325,000 евра“, се наведува во извештајот на
ТИ Македонија.

Според Слаѓана Тасева, текот на парите, односно транспрентнста и
отчетноста, кои се обврзувачки со закон, се показател за односнот на една
партија кон идните политики.

“Зародишот на корупцијата воопшто се наоѓа токму во овие процеси на избори
и финансирање на политичките кампањи затоа што начинот или патот на парите,
односно изворот на парите што влегуваат на партиски сметки и се трошат за
кампањи ќе биде показател за тоа каква политика потоа ќе се води“ – вели за
Portalb.mk Слаѓања Тасева од Транспаренси Интрнешнал.

Кои се донаторите и за што се трошеле парите…

За десет дена Демократската унија за интеграција потрошила скоро 87 илајди
евра, додека на партиската сметка по основ на донации се собрани 111 882
евра. На страната на приходите, кај ДУИ во првите десет дена се
регистрирани осумнаесет донатори, од кои девет се правни лица, односно
фирми а останатите девет се физички лица. Компанијата “Голец Транс Дооел“
со скоро 30 илајди евра, колку што е максималниот дозволем износ за
донирање на правно лице, најмногу донирала во првите десет дена од
изборната кампања на партијата на Али Ахмети. Сумирано, ДУИ во овој приод
потрошиле 75 000 евра помалку отколку што собрале преку донации. Најголем
дел од парите, или 76 600 евра се потрошени за реклама и пропаганда.

Според пријавените финансии, Коалицијата предводена од Вмро-Дпмне и за
десет дена изборна кампања потрошиле шест пати повеќе пари отколку што
сбрале преку донации. Така, во анализираниот период на сметка на паријата
легнале 120 838 евра а се потрошиле 714 819 евра. На страна на приходите,
парите се обезбедни од 427 донатори. Меѓу нив, познати сегашни и пранешни
функционери на партијата: министерката Марта Арсовска Томовска, директорот
на Управата за хидрометеоролошки работи, Виктор Мизо, директор на
Дирекцијата за ТИРЗ, Жарко Карџоски, директор на Македонски шуми, потоа
Диме Спасов, Силвана Бонева, Валдимир Талески, Емил Димитриев и други. Од
вкупно потрешените пари, 461 000 евра биле наменети за реклами и
пропаганда.

Според првиот финансиски извештај за изборна кампања, најмногу пари од
донации собрал СДСМ и Коалицијата предводена од оваа парија. Така, во
првите десет месеци на партиска сметка се слеале 155 788 евра по основ на
донации и уште 379 539 евра од чланарина или вкупно 535 327 евра. Од друга
страна биле потрошени 320 000 евра. За реклами и пропагадна здружената
опозиција потрошила 155 700 евра. Најголема сума, 184.350 денари се
донирани од Бетиане Китев, Рената Дескоска донирала 180.000, а Радмила
Шекеринска 120.000 денари.

Според финансискиот извештај за парламентраните избори 2016 година,
Демократската партија на Албанците преку донации обезбедлила скоро 10
илјади евра. Најголем донатор е пртеседателот на партијата Мендух Тачи со 2
800 евра, воедно тој е и едниствен партиски лидер кој донирал во избрна
кампања.Во период од десет дена ДПА потрошила скоро 7 000 евра.

Инаку, партијата која нема да го пријави изворот на финасирање, односно
орагнизатотрор, според законските решенија ќе се соочи и со затворска
казна, пишува Portalb.mk Па така. според Член 165-а од
Кривичниот законик:

“Организатор на изборната кампања кој со непријавување на изворот на
финансии на изборната кампања, со спречување на надзорот над трошењето на
планираните средства, со неподнесување на финансиски извештај за
потрошените средства, со пречекорување на законските ограничувања на
средствата дозволени за изборна кампања, со користење на недозволени
средства за изборната кампања, со исплати спротивни на кампањата за
финансирање на кампањата или на друг начин го злоупотреби своето со закон
определено овластување како организатор на кампањата, ќе се казни со затвор
од најмалку пет години.”

Според мониторингот на дел од невладиниот сектор, финансирањето на
политичките партии беше проследено со низа прекршувања и во претходните
изборни циклуси.

Имаше и случаи кога лица се наоѓаа на списокот на донатори, а тие тврдеа
дека воопшто и не донирале. Дел од сметките на партите на крајот од
изборниот процес не беа во согласност со законската регулатива односно,
суми на пари останаа без покритие.

Слични содржини