Анализа на “Билд”: Можни се напади со хемикалии во Берлин – ќе биде отруени водата или храната!

од Vladimir Zorba

Реално сценарио е удар врз хемиска фабрика или камион кој превезува опасни хемикалии.

Германската влада и федералната криминалистичка служба предупредија дека се можни напади со опасни хемикалии. Според доверлива анализа на ризиците исламистите биле во можност да се здобијат со големи количества опасни хемикалии и да ги користат како оружје. Анализата беше објавен во денешното издание на весникот “Билд”.
Според него реалено сценарио за напад во Германија е удар врз хемиска фабрика или камион кој превезува опасни хемикалии, се вели во него.

Постои ризик со хемикалии да бидат отруени водата за пиење на станбени задруги или храна во супермаркети.

Извештајот предвидува донесување на мерки во болници и спасување и служби за евентуална одговор при хемиски напад. Предвидено е и користењето на силите на Бундесвер во такви случаи.

Тајни служби на партнерски земји предупредуваат уште од летото, дека е можен напад со хемиско оружје во Европа и секоја земја треба да преземе мерки за спречување на таков напад.

Слични содржини