АНАЛИЗА: Попис за економско, а не етничко пребројување ?

од Vladimir Zorba

 

Македонија има 2 073 702 државјани, односно толку изнесува бројот на население заклучно со 31 декемри 2016 година. Овој податок што го објавува Заводот за статистика е  “проценка на население“, операција која методолошки е позната и признанена но не ја дава сликата за вистинската состојба со бројот на население, како што тоа би се случило преку пописот, коментираат за “Порталб“ дел од експретите. Откако се обелодени дека во 2020 година ќе се спроведе очекуваниот  попис, познавачите велат дека не чекаат нови политички “сопки“ кои ќе мора да бидат надминати.

 

Без попис – државата трпи штети !

 

Попис во 2020 година. Нов Закон за попис. Набавка на 6 000 компјутери. Вкупен трошок – 8,5 милиони евра. Ова се дел од деталите што се обелоденија за најавениот попис што треба да го спроведе владеачката гарнитура. Изјавата на првиот човек на Заводот за статистика, Апостол Симовски, дека ќе се залага етничката припадност на граѓаните да не биде дел од пописниот материјал, предизвика реакции во јавноста.

 

“Тргнувајќи од аспект на нашиот Устав кој одредува права и обврски поврзани со етнички клуч, односно правична застапеност според етникум, се отвора прашањето  

ќој ќе биде ефектот од неутврдување на етничката припадност, односно се наметнува прашањето по кој правен основ потоа ќе се реализираат и применуваат обврските утврдени во Устав“ – вели  еден од поранешните министри за правда, универзитетскиот прфесор Аднан Јашари.

 Попишувањето на население е препорака а не задолжителна графа во пописните листови, вели еден од поранешните директори на Заводот за статистика, Дончо Герасимовски. Посетува дека во Македонија, од 1948 година, преку пописната операција,  се третира и пребројувањето по етнички клуч.

 “Во однос на етничкото прашање, таа категорија не е задолжителна според стандардите. Имено, постојат задолжителни и доброволни белези во пописните листи, овие вторите ги одредува самата земја. На пример, незадолжително е да се утврди бројот на граѓани кои имаат телевизор. Овие белези се по избор и проценка на земјата што го организира пописот. Од друга страна, имаме задолжителни белези во пописните листи кои се спроведуваат за да се обезбеди меѓународна мерливост. Етничкото прашање преку пописната операција во Македонија се спроведува од 1948 година“ – вели Герасимовски.

 Според најавите на Заводот за статистика. Пописот треба да се спроведе во 2020 година. Дел од експертите оценуваат дека тајмингот е добар, бидејќи во 2019 ќе се одржат претседателски избори, а по пописот, во 2021 ќе бидат и локалните избори.  Се најавува  пробен попис што би се спровел во 2019 година во одредени општини. 

 

“Пописот, како статстичка операција има други димензии односно причини, утврдување на економскиот  и социјалниот статус на населението на пример, и тие цели мора да бидат остварени за да се добие вистинска слика за состојбите. Но попис без етничка графа ќе го остави отворено прашањето на кој начин етникумите ќе ги оставрат правата загарантирани со Устав и закони, ако не се утврди состојбата и од овој аспект“, вели професорот Јашари.

 Без спроведен попис цели 16 години, земјата трпи директни и индиректни штети, велат експертите.

 Прво, апсурдно е во ерата на ИК технологиите ние да немаме ни приближно точна бројка за големината на населението и неговата географска, старосна, образовна и други карактеристики врз основа на што се водат скоро сите економски и други политики во земјата. Во таков случај ние само може да претпоставуваме какви ефекти би имале различните мерки на политиката. Второ, нашиот политички систем  е директно поврзан со етничките, јазичните и други карактеристики на населението. Без нив, системот едноставно не може да функционира ниту на централно, ниту на локално ниво. Последиците од тоа веќе ги чувствуваме. Трето, пописот всушност е попис и на земјоделските стопанства за кои сега практично немаме никаков увид.

Тоа ја оневозможува и земјоделската политика, но не ни дава ни слика за односите на руралното и урбаното население, што доведува до последици врз урбанистичкото и просторно планирање“ – -вели еден од поранешните министри за финансии, универзитетскиот професор Никола Поповски и додава:

“Конечно, социјалната инфраструктура, особено, детските, образовните, здравствените и пензионерските објекти не можат да се планираат ако не се знае во кој правец се движи старосната структура на населението воопшто и по региони и градови. Посебните проблеми на соодносите на вкупното, работоспособното и активното население, како и младите до 18 години се нешто без што не може долгорочно да се планира практично ништо. На ова треба да се додаде фактот дека Македонија нема своја статистика на емигрантите со што не сме во состојба подлабоко и попрецизно да гја знаеме структурата на сопственото население“.

 На интернет страната на Заводот за статистика пишува дека Македонија има 2 073 702 граѓани, односно население. Оваа состојба , утврдена на 31 декември 2016 година, според статистичарите е добиена врз основа на операцијата “проценка на население“, што е целосно различна од пописната операција. Имено проценка на население е операција во која се вклучени “природно движење на население“ и “миграции“, но според експерите и тука може да се проблематизира околу бројките, особено во делот за миграции. За време на локалните избори лани, повеќе општини во земјава влегоа во изборниот процес без пребројано население.

 Македонија, како земја членка на Обединетите нации е обврзана да спроевде попис на население. Последен пат операцијата беше спроевдена во 2001 година. За пропаднатиот попис во 2011 година, Специјалното јавно обвинителство отвори истрага “Попис“ во која осомничени се актуелниот лидер на ДУИ Али Ахмети и екс претседателот на Вмро-Дпмне, Никола Груевски. Според СЈО, двајцата во договор, решиле да го стопираат пописот, наведувајќи технички причини, но мотивот бил сосема друг, со што ја оштетиле државата за 2,8 милиони евра. И од двете партии реагираат дека немало ништо спорно во одлуката на тогашната власт да го стопира пописот.

Слични содржини