АНАЛИЗА: Приватниот сектор “умира“ – инвестициите под мраз!

од Vladimir Zorba

Сите инвестициски зафати се во застој, фирмите се борат за дневна ликвидност. Банките пливаат во бари и ќе мора посилно да го поддржат приватниот секотор, осбено сега во вакви услови на политичка неизвесност која го загрози стопанството – коментираат за неделната економска анализа на Portalb.mk дел од економистите. Од водечнките банкарски групации велат дека фирмите речиси воопшто и да не бараат кредити за инвестирање, регистрирана е голема воздржаност поради страв од неизвесноста.

Но дел од компаниите веќе се борат за дневна ликвидност. Во февруари Народната банка регистрираше пад на кредитирањето на корпоративниот сектор.

Кредитирањето на фирмите – во застој …

Во овие моменти на политичка неизвесност, кога стопанството се бори да преживее, банките мора посилно да ги поддржат фирмите – коментираат економистите. Ние сега имаме состојба во која приватниот скетор “умира“ – вели економистот Горан Рафајловски.

“Можам слободно да кажам дека сите инвестициски зафати на домашните фирми се прекинати. Стопанството буквално се задушува и умира. Банките мора да застанат на страна на фирмите. Без таа поддршка компаниите ќе стануваат се повеќе неликвидни а банките ќе се доведат во состојба да гледаат како фирмите умираат. Економски – не е одржливо банките да се потпираат во најголем дел на профитите од камати по основ на хартии од вредност.  Економијата ги праќа сигналите дека се соочуваме со лоши трендови – како што на пример намалувањето на приходите од ДДВ, кој е носечки данок во Буџетот“ – вели економскиот консултант Рафајловски.

 И со почетокот на оваа економска 2017 година податоците за кредитирање на фирмите не навестуваат оптимизам. Според Народната банка во февруари вкупната кредитна изложеност на банките кон корпоративниот сектор изнесувала 2,3 милијарди евра.

“Во февруари, кај вкупните кредити на корпоративниот сектор е забележано

месечно намалување од 1,2%, што во поголем дел се должи на влијанието на денарските кредити. Споредено на годишна основа, сe забележува  кредитен пад од  5,9%, којшто во поголем дел произлегува од кредитите одобрени во странска валута. Сепак, доколку се исклучи ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со одлуката на Народната банка, кредитите на корпоративниот сектор во февруари бележат годишен раст од 2,1%“ – велат од Народната Банка.

Дел од банкарите објаснуваат дека неизвесноста од политичката криза веќе се одрази и во кредитирањето на приватниот сектор.

 “Во изминатиот период е регистрирана намалена побарувачка на инвестициски кредити. Кај банките има ликвидност , односно има пари но прашање е дали има пласман  за одржливи проекти. Кај компаниите е клучно дека инвестициските кредити се во пад, се е одложено поради неизвесноста од политичката криза. Во однос на наплата на кредити дадени на корпоративниот сектор нема некои промени, односно позначајно влошување. Фирмите главно бараат кредити за ликвидност и обртни средства“ – коментираат дел од банкарите што ги консултираше “Порталб“.

Од дел од банкарските групации оценуваат дека и покрај тоа што НБМ превзеде мерки и направи потези за олабавување на монетраната политика,  засега нема услови за поевтинување на кредитите, иако од страна на корпоративниот сектор се чуствува притисок за намалување на каматните стапки. 

Во вакви услови, кога банкарите се обидуваат што е можно повеќе да го елиминираат ризичните изложувања, а фирмите пак се борат неликвидност – последиците за вкупната економија ќе бидат големи – предупредуваат економистите. 

“Мора еднаш за секогаш да се усвои развоен план за економијата врз основана кој потоа сите влади ќе прават четиригодишни среднорочни планови. Мора да се зголеми транспарентноста во јавните трошења, внимателно да се менаџираат задолжувањата. Јасно е дека стопанството влегува во голема дупка, буквално сите развојни потези и планови се стопирани. Ние веќе една година имаме техничка Влада, неивесно е кога ќе се избере Претседател на Собранието, па потоа Влада – сето ова носи голема неизвесност, не знам како не се сфаќа дека одиме на пат да ја изгубиме економијата“ – вели за Portalb.mk економистот Рафајловски.

За разлика од кредитирањето на фирмите, во февруари НБМ констатираше раст на кредитирањето на населението.

 “Вкупните кредити на домаќинствата овој месец бележат месечен и годишен раст за 0,4% и 6,7%, соодветно. Воедно, месечните и годишните нагорни промени се резултат на зголемените денарски пласмани на банките и штедилниците кај домаќинствата“ – велат од НБМ.

 Најголем раст од 13 отсто е регистриран кај потрошувачките и кај станбените кредити кои остануваат најатрактивни за населението. Намалување пак има кај автомобилските кредити. Генерално,  салдото на сомнителни и спорни пласмани не се зголемува, но поради политиката неизвесност, дел од банкарите  објаснуваат дека изминатиот период  се регистрирани случаи во кои граѓаните доцнат со отплата на рата. На крајот од вториот емсец од годинава, вкупната кредитна изложеност на банките изнесувала 4,4 милијарди евра, а само граѓаните во банките должат  2,1 милијарда евра.

На крајот од вториот месец од годинава, граѓаните и фирмите во банките чуваат 5,6 милијарди евра.  Домаќинствата имаат поголема заштеда од сите фирми, односно тие во банките имаат депонирано  3,6 милијарди евра.

Анета Додевска

Слични содржини