Анализа: Зголемени нападите на вооружените групи во 2016 година

од Vladimir Zorba

 

Бројот на напади во светот од страна на терористите и вооружени борци се зголемил за 26 проценти во 2016 година и регистрирани се над 24.000 атаци. Причината за зголемувањето е ескалацијата на насилство во Украина, во Турција и во Јемен, се наведува во извештајот на Центарот за истрага на тероризам и екстремизам на консултантската компанија Ај-Ејџ-Ес „Џејнс“.

Во годишната анализа се наведува дека терористите од ИД географски се прошириле што довело до влошување на ситуацијата во долгорочните конфликти во Ирак и во Сирија, каде се извршени 4.236 напади во целиот свет, при што загинале 10.807 луѓе.

– Станавме сведоци на повеќе мали асиметрични напади минатата година, како на нивно зголемување во зони со долгорочни конфликти во источна Украина, изјави директорот на Центарот, Метју Хенман.

Тој додаде дека минатата година забележано е зголемено дејствување вон Блискиот Исток на Исламска држава.

– Таквиот тип на напади изнесува 16 проценти од сите напади на ИД во 2016 година, но тоа е зголемување само за осум проценти во споредба со 2015 година, истакна Хенман.

Во Украина бројот на вооружени напади се зголемил четирикратно на годишна основа достигнувајќи 4.449 напади. Од нив 3.417 од нападите се во самопрогласената Доњецка народна република, што е пораст за шестпати во споредна во нападите во 2015 година. Тоа се должи на завршување на примирјето во септември, се потенцира во извештајот на  А-Ј-С „Џејнс“.

Но, во Украина регистирани се само 124 смртни случаи што е индикатор дека насилството е „со помал размер“.

Во извештајот се прогнозира дека годинава ќе има нови терористички напади организирани и извршувани од ИД во западните земји, бидејќи групата се обидува „да се претстави како жртва и осветник, што се гледа од нејзината реакција на територијалните загуби во Ирак и во Сирија“.

Хенман наведува дела ИД „сигурно ќе го загуби остатокот од контролираната територија во Ирак и во Сирија во 2017 година и нахверојатно ќе се обиде да го компензира со создавање на свои ограноци на други места во светот“ пред се во Југоисточна Азија.

– ИД може тоа да го искористи како начин за глобално влијание во време на загуби во Ирак и во Сирија. Групата ќе сака да покаже дека се уште е во состојба да биде играч на глобалната сцента, истакна аналитичарот на А-Ј-С „Џејнс“, Оцо Ихо.

Хенман посочи дека очекува „потенцијално долгорочна и исто толкава сериозна закана како ИД од поранешниот огранок на Ал Каеда – Џебхат Фатај ал Шам познат како и Фронт Ал Нусра, која презеде одговорност за 687 напади минатата година.

– Приоритети за групата во следните месеци ќе биде инфилтрирање во опозициските групи во Сирија со цел да се обезбеди контрола во опозициските реони, истакна Хенман.

Слични содржини