Анџелина Џоли и Бред Пит прозбореа

од Vladimir Zorba

Анџелина Џоли и Бред Пит се одлучиле да ги стават децата на прво место и да ги заборават негативните емоции покрај разводот. Како резултат на таа одлука двајцата почнаа повторно да разговараат и според извор на “E! News” дури веќе ги уредиле работите меѓусебно.
Пред два месеци двојката ангажираше приватен судија кој им асистираше во постапката за развод и така да се избегне протекување во медиумите.

Според изворот на медиумот, меѓу двајцата веќе ги нема тензиите од пред неколку месеци, и тие се фокусирани на иднината на своите деца и го сакаат најдоброто за нив.

“Бред поминува повеќе време со децата. Сега тој е добро, се грижи за своето здравје, живее чисто. Се наоѓа во добра состојба “, дополнува информаторот.

Откако се случи инцидентот со Медокс и Пит во авионот кој ја испровоцира конечната разделба на Бред и Анџелина, двајцата разговараа само преку своите адвокати. Решение кое беше донесено од терапевтот на децата , но во моментов двојката повторно почнала да разговара со друг, а темите се само децата и нивниот распоред.

Слични содржини