Анџелина Џоли ќе рекламира парфем

од Vladimir Zorba

Актерката е новото лице на Гуерлаин.

Анџелина Џоли е избрана да биде рекламно лице на новиот парфем на Guerlain – Mon Guerlain. Актерката ќе ги донира сите заработени средства од кампањите за добротворни цели.

Партнерството е првично договорено во Камбоџа, родното место на првиот син на Џоли, Мадокс, во 2015 година.
Таа вели дека првите нејзини спомени со Guerlain се поврзани со мајка и, која го користела брендот, кога актерката била се уште дете.

“Создаваме парфеми за жени, на кои им се восхитуваме”, вели Жак Герлен во соопштението.
Во исто време Герлен раскажува дека бил инспириран од Анџелина Џоли за создавање на парфем, кој ќе изразува “нота на жена”.

Слични содржини