Анџелина Џоли поднела барање за развод од Бред Пит поради децата

од Vladimir Zorba

Анџелина Џоли поднесе барање за развод со Бред Пит. 0622057001418377775_564100_600x458

Ова го соопшти весникот TMZ. Во понеделникот Џоли поднела документи за раскинување на бракот, наведувајќи ги како причина непремостливите разлики.

Во документите актерката сака да добие и старателство врз шесте деца на двојката, а Пит ќе има право на посети кај нив.

Според изданието Џоли не сака двајцата со сопругот да имаат заедничко физичко старателство, туку само правно. Извори на TMZ, блиски до двојката, јавуваат дека одлуката на Џоли за разделба со Бред е поврзана со начинот на кој тој се грижи за своите деца.

“Тоа е исклучително вознемирена од неговите методи”, пишува весникот.

Не се зборува за трет човек во животот на ѕвездената двојка, туку дека одлуката на Анџелина е целосно поради односот меѓу актерот и неговите деца.

Според документите поднесени во судот, актерката нема претензии за брачна алиментација. Како датум за разделбата на двајцата е наведен датумот 15 септември.

Двојката е заедно од 2004 година,а  склучи брак во 2014 година. Тие заедно имаат три биолошки деца.

Слични содржини