Андонов: МВР призна дека го прислушува врвот на ВМРО

од desk4

Полицијата под контрола на СДСМ призна дека врши систематско следење на комуникациите на политичарите од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Оливер Анднов од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа што го прави МВР е легално и со наредба од судот преку Јавното обвинителство, а токму обвинителството е тоа што ги води истрагите, пишува МВР во одговор на прашањето дали ги следи комуникациите на врвот на ВМРО-ДПМНЕ? Ова е скандал и атак врз демократијата, плурализмот и слободната мисла. Нема друга опозиција во светот чие раководство се прислушкува, а МВР тоа јавно го признава – рече Андонов.

Според него, СДСМ врши политички прогон на сите неистомисленици и политички противници преку МВР, претворувајќи ја полицијата во алатка за пресметка со демократските сили во државата.

Слични содржини