Андонов се пожали – Спасовски не му дозволувал да зборува во јавност

од Vladimir Zorba

Дополнителениот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов на денешната прес конференција објави се пожали на министер за внатреши работи Оливер Спасовски.

oliver-andonov1-640x363[1]

-Овој документ е доставен од Спасовски лично до мене и во кој Спасовски ме известува дека за секоја ваква активност како денешнава која подразбира јавен настап и обраќање до граѓаните на Република Македонија ќе морам да барам исклучиво претходна согласност на неговиот кабинет. Колку и да звучи смешно, ова пред се претставува навреда лична, на мојот личен дигнитет, навреда кон граѓаните на Република Македонија кон нивното право да бидат информирани, да ги слушнат сите страни, навреда кон демократијата бидејќи се работи за обид за воведување цензура.

Јас не учествувам во извршувањето должност дополнителен заменик министер за внатрешни работи за да ги задоволувам формалните потреби на Спасовски и да учетсвувам во неговата забава поттикната од неговиот лидер Зоран Заев.

МВР не е политичка испостава на СДСМ, туку е Министерство во функција на граѓаните на Република Македонија и составен дел од Владата. Со таа цел сакам да ве информирам дека со ова доставување на актот истовремено на Одделението за односи со јавност и стратешко планирање му се забранува било каква логистичка поддршка на моите и активности на мојот кабинет. При тоа, заканувајќи им се на вработените со дисциплински мерки доколку постапат поинаку.

Ова е настан без преседан во работењето на МВР, обид да се изурпира моето законско право за јавно информирање на граѓаните за сите сегменти од мојата работа, која пред се е јавна. Исто така потребно е да знаете дека согласно законот за Влада на Р.Македонија во која привремениот министер Спасовски е поставен за министер во привремена влада за спроведување на избори со мандат од 100 дена, во истата таа Влада дополнителниот заменик на министерот цитирам „заемно и рамноправно со министерот учествува во остварување на надлежностите предвидени во законот за Влада на РМ согласно член 144 став 2 и 3 од законот за привремена влада“, вели Андонов.

 

Слични содржини