Андре Хан: На Србија местото и е во ЕУ, земјата не треба да се условува

од Vladimir Zorba

Пратеникот на германската партија Левица (Линке) во Бундестагот, Андре Хан, смета дека на Србија местото и е во ЕУ и дека земјата не треба да се условува со прекин на традиционалните врски со Русија.

133387319-81925

Во изјава за Танјуг, Хан вели дека заради проблемот во ЕУ со „истапувањето на Велика Британија“, дошло до намалување на поддршката за процесот на проширување.

Отворените прашања што Србија мора да ги реши во областа на правосудството, но и во нормализацијата на односите со Косово, се болни теми за Белград, оцени тој и потсети дека приемот во членство не е прашање за следните неколку години.

Хан нагласи дека Србија се наоѓа на добар пат и дека се надева оти земјите од ЕУ ќе знаат да и одадат признание за нејзиниот напредок.

Тој, исто така, истакна дека од Србија не смее да се бара прекин на традиционалните врски со Русија и таа да се става пред избор, ниту да се условува со нови услови.

– Србија е дел од Европа и од ЕУ и покрај тоа може да има односи, како економски, така и човечки со кого таа сака, порача германскиот пратеник.

Слични содржини