Android P може да додаде гестови за управување како во iPhone X

од Vladimir Zorba

Појавата на Android P подоцна оваа година се очекува со голем интерес, но освен поддршка на дисплеи со пресек на врвот, оперативниот систем може да преземе и нешто друго од iPhone X. Сајтот „9to5Google“ стигнал до порака на блог на девелопер во Google, каде е објавена интересна слика.

Таа покажува целосно нов вид копчиња за навигација – наместо вообичаените три (назад, Home и мултитаскинг) кои ги познаваме со години, тука гледаме само копче за назад и лента, слична на онаа во iPhone X.

Сликата сама по себе не ни кажува ништо за нејзината функционалност, но „9to5Google“ тврди дека Google тестира управување со гестови преку предметната лента, каде лизгање нагоре го стартува мултитаскингот, како што е кај iPhone X. Копчето назад пак исчезнува, кога не се користи, на пример, кога сте на почетниот екран.

Традиционално, Google експериментира со многу функции, од кои некои не стигнуваат до финалната верзија. Веројатноста гигантот да направи демонстрација на Android P во рамките на I / O во мај е огромна и ако тогаш ја видиме предметната лента, шансата таа да остане во конечната верзија на оперативниот систем е целосно реална.
За тоа голема улога има и зголемената популарност на смартфоните со издолжен екран, кои се презентираат од различни брендови и во различни ценовни категории.

Слични содржини