Денеска е Денот на вљубените и целиот свет нема трпение да размени подароци и да ги израдува своите партнери.9ce6cef690e850182888e176322d07f5

Кој сепак е вистинскиот дел од празникот?Несомнено фокусот на овој ден паѓа на можноста жените да влезат во улогата на фаталната жена, да покажат самодоверба и да го остават мажот до себе без здив.

Што е подобра инспирација  од тоа за дамите кои се едни од најубавите модели – ангелите на Victoria’s Secret Елза Хоск и Јасмин Тукс.

Откако позираа за тематски каталог , убавиците ги повлекоа завесите над своите лични преференци и открија какви се нивните правила за еден убав и сексапилен Ден на вљубените.

Еве ги и нив.

1. “Потрудете се со долната облека, дури и никој да не ја види” – Елза Хоск

Моделот е фан на сите производи изработени од тантела. “Сакам чипка”, изјави таа, коментирајќи колку е убава како материјал. “Дури и да не ја гледате и да носите облека до вратот, само се чувствувате секси – како да имате нешто посебно”.

2. “Научете го мажот” – Јасмин Тукс

Егзотичната убавица тврди дека нема ништо лошо во тоа, да му објасниш на мажот како сакаш да го пречекаш празникот. “Мојот дечко никогаш не го славел Денот на вљубените пред да ме сретне”, коментира моделот. “Требаше да го научам:” Океј, можеби треба да ми земеш цвеќиња, да ме изведеш на вечера “… Тој немаше никаква идеја. Но јас го научив “, вели ангелот на Victoria’s Secret.

3. “Треба да запомните дека не станува збор за дијаманти” – Јасмин Тукс

Јасмин Тукс може и да се шегува дека морала да му објасни на мажот дека сака дијаманти секоја година, но во реалноста моделот го следи принципот дека Денот на вљубените е главно за прикажување на љубов и емоции. “Сакам само тој да биде добар, сакан и среќен. Немам потреба од дијаманти “, изјави таа.

4. “Не треба да се претерува” – Елза Хоск

Искуството од непријатни ситуациии покрај празникот ја учи Елза Хоск дека понекогаш помалку е повеќе. Моделот ги советува дамите да се обложуваат на убава облека, но да не претеруваат премногу со шминката, бидејќи поважно е да се нагласи природната убавина од тоа да нагласиме на вештините во цртањето на лице.

5. “Добро е да се држиме до класиката” – Јасмин Тукс

Ангелот планира да се обложи на облека, кој никогаш не излегува од мода и тоа е еден од советите, кој им дава предност на дамите. “Секогаш носам црно. Мислам дека е шик, најубаво и сексапилно. И сигурно фустан. Јас сум женствена девојка “, изјави таа.

Слични содржини